Македонија ЃП е екипата која успеа да ја сопре победничката серија на Струга ТЛ. „Лавовите“ одиграа 1-1 против лидерот иако во финишот играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Матеус, а покрај тоа капитенот Ермедин Адем не успеа да реализира пенал.
Ѓурѓевиќ во 59.минута ја погоди гредата од голот на гостите, но Струга ТЛ поведе.
Буњамин Шабани во 62.минута донесе предност за Струга ТЛ со прецизен удар откосо од левата страна, а во 74.минута Македонија ЃП остана со играч помалку по исклучувањето на Матеус.
Во 83.минута, Ермедин Адем не реализира пенал откако со рака во сопствениот шеснаесетник играше Едис Малиќи, но Филип Алексовски донесе израмнување со голот во 86.минута, на асистенција на Емир Скендери.