Фудбалерите на Аталанта ја совладаа Сампдорија со 4-0 во 27. коло од Серијата во Бергамо, конечните 4-0 ги постави Рус Миранчук.
https://twitter.com/SerieA_ID/status/1498487249788616704?s=20&t=i6GedJ127pev77UUbwiA8g
Миранчук не го прослави својот гол, а италијанската Gazzetta dello Sport пишува дека причина за тоа е фактот што Миранчук припаѓа на оној дел од Русите кои не го поддржуваат режимот на Владимир Путин и инвазијата на Украина. Исто така, Италијанците пишуваат дека Миранчук од почит не сакал да го прослави голот пред резервниот напаѓач на Сампдорија Супрага, Украинец кој седел на клупата.
Да потсетиме, Аталанта со оваа победа ја прекина црната серија од шест натпревари по ред без освојување на лигата. Аталанта победи и е на петтото место со 47 бодови, додека Сампдорија е 15-та со 26 бодови.