Турскиот фудбалер Ајкут Демир доби жестоки критики од светската јавност затоа што одби да носи маичка со натпис „запрете ја војната“, а по натпреварот имаше јасно објаснување за неговиот потег.

Демир не сакаше да „учествува“ во давање поддршка на Украина, која веќе четири дена се брани од нападите на Русија.

„Илијадници луѓе умираат на Блискиот Исток. Сите молчат и го игнорираат тоа затоа што не се случува во Европа. Не се чувствував убаво за да ја носам маичката бидејќи не е направена за земјите кои со години се во војна. Сепак, сметам дека треба да ги осудиме сите војни кои се водат во светот“, вели Демир.