Лацио и без својот најдобар играч Чиро Имобиле, кој е повреден, успеа да ја победи Рома во големото римско дерби. Фелипе Андерсон доби можност да биде главен адут на Маурицио Сари и ја искористи на најдобар можен начин, постигнувајќи го единствениот гол во 29.минута од дуелот.
Тој ја искористи големата грешка на одбраната на Рома и подарената топка ја испрати зад грбот на Руи Патрисио.
Лацио по овој триумф се искачи на третата позиција со 27 бода, осум помалку од лидерот Наполи.
Рома се наоѓа на петтото место со 25 бода.