Фудбалерите на Олимпик Лион го совладаа ПСЖ со 1-0 на „Паркот на принцовите“ во француската Лига 1.

Лион се покажа како незгоден противник уште во првите 45 минути, имаше неколку добри шанси, но најголемата од белата точка не ја искористи Александре Лаказет во 39. минута.

Предност на гостите им донесе Бредли Баркола во 56. минута од натпреварот, кога го матира Џанлуиџи Донарума. ПСЖ во продолжение не успеа да постигне гол и да се спаси од нов пораз.

ПСЖ остана лидер со 66 бода по 29 одиграни кола, по што следат Ленс и Марсеј со 60, додека Лион е на деветтата позиција со 44 бодови.