Голеадата во Лајпциг започна во 23. минута кога Чави Симонс донесе водство за домаќинот, а само три минути подоцна, Вајзер израмни за Вердер. Лајпциг повторно поведе во 35. минута кога Симонс го постигна вториот гол на натпреварот, а потоа Бенџамин Шешко во 47. минута зголеми на 3-1.
Се чинеше дека натпреварот ќе заврши со овој резултат, но на крајот Лајпциг постигна четврти гол. Стрелец беше Баумгартнер во 90. минута за убедливи 4-1, а за конечните 4-2 се погрижи Бурк во третата минута од судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас поради повреда не беше во тимот за овој натпревар.
Во следното коло Лајпциг оди на гости кај незгодниот Штутгарт, додека противник на Вердер ќе биде тимот на Хајденхајм.
Средбата на „Ред Бул Арена“ беше одбележана со атрактивни и убави голови, но мора еден да се избере а тоа дефинитивно е оној на словенецот Шешко во 47 минута кога испрати вистински „проектил“од далечина, удар со кој ја затресе мрежата на Вердер.