Екипата на Атлетико Мадрид ја оствари 13. победа во шпанска Примера оваа сезона. На домашен терен триумфираше над Осасуна со 1-0. Со овој триумф тимот на Диего Симеоне повторно се врати на врвот на табелата со 44 бода, еден повеќе од Реал Мадрид а дури шест повеќе од Барселона.

До овој значаен триумф над Осасуна, тимот од Мадрид дојде во второто полувреме. Во првиот дел Гризман постигна гол, но од ВАР собата му го поништија заради игра со рака, додека во вториот дел победата дојде во 55. минута благодарение на голот на Алварез.

Аргентинскиот голгетер Хулијан Алварез беше стрелец на победоносниот гол за Атлетико Мадрид на овој дуел

Атлетико во следното коло во Шпанија гостува кај Леганес.