Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, се очекува да биде во стартниот состав на Наполи на утрешниот дуел против Милан во првиот четвртфинален дуел од ЛШ, откако и официјално е потврдено дека Виктор Осимен не е во ростерот од тимот за оваа средба.
Најдобриот напаѓач на наполитанците се повреди за време на настапите за Нигерија, поради што ги пропушти лигашките пресметки со Милан и Лече.
Тренерот Лучиано Спалети очекува Елмас да ја пополни празнината во нападот, односно да се обиде да функционира како „лажна деветка“. Македонецот ја почна од стартот и последната средба на Наполи, минатиов викенд на гостуи кај Лече (2-1).