Женската фудбалска репрезентација на Јапонија триумфираше против Бразил на Летните олимписки игри во Париз на неверојатен начин.

Танака промаши пенал за Јапонија, по што казната пристигна во 56. минута кога Џенифер погоди за 1-0.

Бразил го чуваше водството сè до судиското надополнување, кога Кумагаи од пенал погоди за 1-1, а потоа Таникава беше стрелец за целосен пресврт (2-1).

Победа оствари и Колумбија против Нов Зеланд со головите на Рестрепо и Сантош.