По ремито со Рексам, фудбалерите на Челзи уште еднаш ги разочараа своите фанови на подготовките во САД. Лондонските „сини“ во пријателски натпревар одигран во Индијана забележаа убедлив пораз од Селтик со резултат 1-4.
<
Шкотскиот шампион беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, а победата ја најави уште во првото полувреме, во кое двапати ја затресе мрежата на Санчез. О’Рајли погоди за 0-1, додека Фурухаши донесе сигурни 0-2.
Во вториот дел двајцата тренери направија по многу замени, но Селтик не го загуби ритамот и преку Палма и Џонстон стигна до 0-4. Единствениот гол за Челзи на овој натпревар го постигна Нкунку од пенал во 89. минута.
Така, новиот менаџер на Челзи, Марeска, сè уште е без победа на клупата на лондончани. Следна можност за тоа ќе има за три дена против Клуб Америка од Мексико.