Во САД во пријателска средба на двајца европски гиганти Арсенал го совлада тимот на Манчестер Јунајтед (2-1). Натпреварот се одигра во Инглвуд во државата Калифорнија.

 

Фудбалерите на Арсенал славеа победа во премиерлигашкиот дуел во Калифорнија против Манчестер Јунајтед (2-1), а потоа „загубија“ на пенали против истиот ривал. Англиските гиганти решиле малку да ги сменат правилата за поголема забава на Американците.

Двете екипи кои целат кон највисоките места во новата сезона одиграа возбудлив натпревар, исполнет со многу шанси, атрактивни потези и три гола. Првиот го постигнаа „ѓаволите“, откако уште во 10. минута. Рашфорд асистираше за Хојлунд кој погоди за 1-0. Но, веднаш по голот Данецот поради повреда го напушти теренот, а на негово место влезе Мабри Ханибал.

Во 26. минута Габриел Жесус по одлична тимска акција израмни на 1-1, а набрзо следуваше нова повреда во тимот на Јунајтед, бидејќи летното засилување Лени Јоро се пожали на болки и предвреме го заврши мечот.

Микел Артета и Ерик Тен Хаг ги сменија комплетните тимови во второто полувреме, а решавачкиот гол дојде дури во 81. минута кога Мартинели по мајсторска соло-акција погоди за конечни 2-1. Но, тоа не беше крај. Имено, договорот бил Арсенал и Јунајтед сепак да шутираат пенали.

Во пенал серијата Јунајтед победи со 4-3, но сепак Арсенал се смета за победник. Ќе остане мистерија зошто го измислија ова правило, веројатно за Американците да се забавуваат уште повеќе кога веќе им плаќаат толку многу на екипите од Европа за да се подготвуваат на нивно тло.