Капитенот на „граѓаните“ на оваа средба, Ерлинг Халанд, го отвори резултатот уште во 19. минута, по што далеку поискусниот италијански состав на брзина го сврте резултатот и тоа со головите на Лоренцо Коломбо во 30. и 34. минута. Сити подобро се снајде по многуте замени во вториот дел, па Џејмс Мекати со прекрасен гол во 55. минута израмни на 2-2. Конечниот резултат го постави Марко Насти со удар по земја од работ на шеснаесетникот во 78. минута со што го изненади голманот Едерсон. Двете екипи настапија без голем број учесници на Европското првенство и Копа Америка, а натпреварот на „Јенки стејдиум“ го следеа 46.000 гледачи.