Олимписката фудбалска селекција на Соединетите Американски Држави се врати во игра за пласман во четвртфиналето на ЛОИ во Париз. По поразот од Франција во првиот натпревар од групата А, Американците извојуваа убедлива победа над Нов Зеланд од 1-4 (0-3).
Михаиловиќ уште во осмата минута го отвори резултатот и погоди за 0-1 за САД, а четири минути подоцна Зимерман погоди за 0-2. За убедливи 0-3 на полувреме се потруди Џанлука Бусио во 30. минута.
Во вториот дел Аронсон погоди во мрежата на Нов Зеленд, кој пак до крајот на средбата успеа да го ублажи поразот и конечните 1-4 ги постави Рандал на 12 минути до крајот.
Во рамки од групата Д вечерва се одигра и првиот натпревар од второто коло, на кој селекцијата на Парагвај со два гола во судиското надополнување славеше над Израел со 2-4.