Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше клучен за првата победа на Леванте во оваа сезона во Ла Лига во 20-от меч сезонава, откако со фантастична соло-акција и велемајсторска асистенција му овозможи на Роберто Солдадо рутински да погоди и да го даде клучниот гол за победата со 2-0 против Мајорка.

Барди играше до 85-та минута, а во 47-та, две минути по стартот на вториот дел прими топка на 20-на метри по што следуваше неговата соло акција да се ослободи од двајца чувари, а потоа да му додаде на Ролдадо во празен простор за центарфорот да погоди за водство, што на крај го реши ѝ мечот, иако Мајорка промаши пенал преку Оливан во 69-та минута, а потоа ВАР на осум минути пред крајот му поништи гол на Нино поради игра со рака.

Кога веќе беше јасно дека Леванте ќе победи, во 97-та минута Хосе Моралес, кој го замени Солдадо во вториот дел, само ја завери победата секунди пред крајот.

https://twitter.com/Bau_Nickk/status/1479818377095000072?s=20