И додека Барса веќе претстави проект кој почнува со реализација за реконструкција на својот дом од над една милијарда, потпиша голем спонзорски договор со „Спотифај“, кој стана генерален спонзор на каталонската гордост, петкратниот европски првак сѐ уште кубури со финансии и оди по работ на бездната.
Потпретседателот на Барса, Едуард Ромеу, задолжен за финансискиот дел, сега истакна дека на клубот му требаат, ни помалку ни повеќе, „само“ половина милијарда евра за да се спаси великанот.
„Бројките се немилосрдни, а тие покажуваат дека постои голем дисбаланс во финансиите. Негативната капитална ставка ни е 500 милиони евра. И ако додадете 150 милиони загуба од сезонава зашто ништо не освоивме… Јас и претходно кажав, спасот е некој да ни даде 500 милиони евра“, вели Ромеу.
Барселона и сега не може да регистрира нови фудбалери поради надуваниот буџет и проблемот со селари-капот.