Актуелниот шампион Манчестер Сити го победи Кристал Палас на гости со 2-4 и стигна до 70 бода.
Матета донесе предност за домаќинот во третата минута. Сити брзо се врати во игра. Кевин де Брујне во 13. минута постигна брилијантен гол. Со десната нога погоди во спротивната статива од околу 20 метри. Тој потег го одушеви Пеп Гвардиола, кој од клупата испрати бакнежи до својот најдобар играч.На стартот на вториот дел Рико Луис се погрижи за пресврт, а Ерлинг Халанд зголеми на 1-3.
Четвртиот гол за Сити повторно беше дело на Де Бруине, а Кристал Палас до крајот постигна уште еден гол преку Одсон Едуард.