Екипата на Милан оствари рутинска и убедлива победа (3-0) против Лече на „Сан Сиро“. „Росонерите“ брзо успеаја да го скршат отпорот на гостите.
Кристијан Пулишиќ во шестата минута го отвори резултатот, а Оливие Жиру зголеми на 2-0 во 20.минута.
Лече остана со фудбалер помалку во 45.минута поради исклучувањето на Крстовиќ, а Рафаел Леао во вториот дел го постигна третиот гол за „росонерите“.
Многу интересен момент се случи во 57. минута кој му претходеше на голот кој го постигна Рафаел Леао. Хернандез беше невнимателен и направи старт кој беше на работ на пенал, а Милан изгради контра преку феноменалниот пас од Адли до Леао, па падна третиот гол (3-0). Иако ситуацијата се проверуваше во ВАР собата, арбитрите утврдија дека немало доволно елементи за најстрога казна. По овој погодок следеа доста измени и „росонерите“ го умртвија темпото и го приведоа мечот кон крајот рутински.