Хитот во шпанската Ла Лига, Жирона, која во првиот дел од сезоната беше лидер на табелата, полека го губи здивот во трката за титулата со Реал Мадрид и вечерва го доживеа третиот пораз во последните шест натпревари.

Жирона вечерва загуби на гостувањето кај Хетафе со 1:0 и сега заостанува десет бода зад лидерот на табелата, Реал Мадрид.

 

Во последните девет кола од Ла Лига, повеќе од извесно е дека Жирона наместо за титулата, ќе се бори за второто место на табелата бидејќи Барселона има само еден бод помалку (61), но и натпревар помалку.

Човек на одлука беше Сантијаго кој единствениот гол на мечот го постигна во 33-тата минута. Голот може да го видите на следниот ЛИНК

Малиот каталонски тим веројатно дефинитивно ги уништи сите сништа за сензационална титула во Ла Лига, но до крајот на сезоната ќе се обиде да се задржи во зоната која носи место во Лигата на шампионите.

Со овој триумф Хетафе го обезбеди опстанокот во елитната конкуренција бидејќи на девет кола пред крајот има 16 бода предност пред 18-пласираниот Кадиз. Со евентуална победа во дербито со Атлетико, Барса може да се доближи на -8 во однос на Реал, но и тоа е огромна предност во овој период од сезоната.