Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се извини затоа што му го скрши телефонот на еден навивач по завршувањето на натпреварот во кој неговиот тим загуби од Евертон со 0-1.

Инцидентот се случи на влезот на тунелот кој води кон соблекувалната, а снимката на која се гледа како Роналдо го удира телефонот се појави на социјалните мрежи.

„Никогаш не е лесно да ги контролирате емоциите во тешки моменти како овие. Сепак, мора да се почитуваме и да бидеме трпеливи. Сакам да се извинам поради мојот потег и го поканувам навивачот да гледа натпревар во Манчестер во знак на фер-плеј и спортски дух“, кажа Роналдо.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1512833553410756615?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512833553410756615%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fronaldo-se-izvini-otkako-mu-go-skrshi-telefonot-na-navivach-video