Герет Бејл се претвори во топ тема и покрај тоа што одигра само 15 минути против Хетафе, бидејќи вчерашниот настап со градскиот ривал беше прв за него на „Сантијаго Бернабеу“ после повеќе од две години.
Герет доби жестoки свирежи од гледалиштето откако влезе на местото на Бензема, но она што стана вирален хит сепак е неговата реакција на ваквиот непријателски третман.
Бејл се насмеа на бурните свирежи од навивачите на Реал и неговата слика брзо се рашири на социјалните мрежи, а многумина неговата акција ја протолкуваа како нова провокација до симпатизерите.
Велшанецот не си помага сам на себе со овие потези, но зад него и натаму стојат соиграчите кои сметаат дека Бејл сепак не заслужува ваков однос.
– Тешко е да прифатите свирежи за свој соиграч, ова им се има случено на многу играчи. Се ближи крајот на сезоната и мора да бидеме сплотени и зближени, треба да си помагаме еден на друг. Тажно е ова со Бејл, но тоа е што е, мора да гледаме напред и да продолжиме, – изјави искусниот Марсело.
https://twitter.com/diarioas/status/1512903089245896706?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512903089245896706%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2F%3Fp%3D281618