ПСЖ на турнејата во Јапонија доживеа уште еден пораз откако загуби од италијанскиот калчолигаш Интер со 1-2.
Двата тима играа со комбинирани состави, а на скапиот тим од Париз му пресудија двете летни „засилувања“ на европскиот вицешампион и тоа од второлигашот Бари и од Монца, кои всушност се фудбалери кои беа дадени на позајмица. „Светците“ први дојдоа до водство со спектакуларниот погодок на Витиња по еден час игра (види ТУКА).
Интер имаше одличен финиш, Еспозито успеа да го израмни резултатот, а Сенси донесе победа за „нероаѕурите“.
https://twitter.com/samirsynthesis/status/1686345810798129153?s=20