Кристијано Роналдо синоќа успеа да надмине еден рекорд, кој не е за потценување.

Ал-Наср го совлада тунискиот Монастир со 4-1 во Араб купот, а Роналдо погоди за 2-1 со глава. Со тоа го постигна својот 145. гол со глава и го надмина легендарниот германски голгетер Герд Милер, со кого беше изедначен на врвот на вечната листа.Сега е најефикасниот во историјата и сигурно ќе продолжи да го надградува овој рекорд.

Ова беше само втор негов гол со глава за Ал-Нар, а вкупно 115. за клубовите во кои настапувал. Останатите 30 се во дресот на Португалија.