Килиан Мбапе во 94. минута од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид по феноменална акција погоди и за победа на ПСЖ од 1:0.

Многу љубители на фудбалот на социјалните мрежи истакнуваат дека Меси не ја покажал среќата што би се очекувала во таа ситуација. Потсетуваат дека во вакви прилики медиумите го распнуваат Кристијано Роналдо, а за Меси се многу поблаги.

https://twitter.com/OnlyfanslModels/status/1493765426848882689?s=20&t=w3JNDt-il-kIyRttekpXsQ

Мбапе со гол за паметење го спаси Меси кој половина час порано промаши пенал. Да не беше магијата на Мбапе, ПСЖ немаше да наплати доминација против Реал Мадрид, а за возврат ќе замине во Мадрид без заслужена предност. И тоа со нереализираниот пенал на Меси, кој патем го доби Мбапе.