Тренерот на Барселона, Чави знае дека во своите редови ги има едни од најталентираните млади фудбалери за врска во светот, како Педри и Гави, а тука е и Нико Гонзалес, но во исто време бара елитно засилување на оваа позиција.

Тој смета дека младите фудбалери треба да имаат лидер и фудбалер, кој одлично ја познава фудбалската игра. Тука се и Серхио Бускетс и Френки де Јонг, но тие играат нешто подефанзивно.

Барселона летово ќе се обиде да го купи Бернардо Силва од Манчестер сити. Чави смета дека токму Португалецот е профил на фудбалер, кој му е потребен да го врати тимот на шампиониските патеки, објавува „Мундо Депортиво“.

Силва игра и во средниот ред, но и како крилен напаѓач по десната страна. Барселона има добри односи со Манчестер сити, а лани го комплетираше и трансферот на Феран Торес.

Уште минатата сезона се појавија шпекулации дека Силва сака да си замине од Сити за да побара нов предизвик во кариерата. Неговата цена на трансфер пазарот моментално е преку 60 милиони евра.