Василије Мициќ игра две фантастични сезони во тимот на Анадолу Ефес. Тој оваа натпреварувачка година и официјално е најдобар поентер во Евролигата во регуларниот дел од сезоната.
Го доби трофејот наречен „Алфонсо Форд“, бидејќи имаше просек од 18,2 поени по натпревар во регуларниот дел од сезоната во најквалитетното континентално натпреварување.
Српскиот репрезентативец лани беше клучен во освојувањето на Евролигата со Анадолу Ефес и ги освои двете најпрестижни индивидуални награди, беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната и за МВП на завршниот турнир.
Анадолу Ефес и сезонава е на завршниот турнир во Белград, а во полуфиналето ќе ги одмери силите со Олимпијакос, додека второто полуфинале е шпанско „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона.