Кошаркарот на белградски Партизан Зeк Ледеј е најкорисниот играч на 18. коло од Еврокупот, објавено е денеска на веб-страницата на тоа натпреварување.
Црно-белите во средата го победија Тренто на гости со 79:63 во последното коло од групната фаза, а најзаслужен за тоа беше Ледеј.
Ледеј постигна 20 поени, со 13 скока, две асистенции и две украдени топки, што му даде индекс на корисност 30.
Кошаркарите на Партизан во осминафиналето на Еврокупот ќе играат против Бурса.