Јокиќ со безбол-асистенција од половина терен за цепелин ја потврди новата победа на Денвер нагетс, кој го продолжи патот кон одбрана на титулата. Денвер оствари победа и во вториот дуел од новата сезона во НБА, овој пат на првото гостување против Мемфис гризлис (108-104).

Никола Јокиќ уште еднаш доминира на паркетот, а натпреварот го заврши со 22 поени, 12 скока и седум асистенции. Џамал Мареј, исто така постигна 22 поени, со клучната асистенција при бруталното забивање на Арон Гордон на 30-тина секунди до крајот на натпреварот. При резултат 98-97 за Мемфис, Јокиќ се врати во игра кој во следните два напади постигна пет поени, за целосен пресврт вреден триумф.

Покрај српско-канадскиот тандем, двоцифрен учинок кај гостите имаа и Реџи Џексон со 16 и Ерон Гордон со 10 поени, додека кај „гризлис“ најдобро одиграа Џерен Џексон (21 поен), Маркус Смарт (20 поени) и ветеранот Дерик Роуз (16 поени).

Овој меч ќе остане запаметен и по магичната асистенција на српскиот ас, која може уште од сега да влезе меѓу најатрактивните потези сезонава во НБА. Јокиќ тргна да ја внесе топката во игра од страна на половина од игралиштето, по што веднаш, со една рака во безбол-стил, асистира за цепелин на Гордон, кој само ја заби топката во кошот.