Аеродромци одиграа сигурно и потврдија дека се меѓу најсериозните кандидати за промоција во јадранската елита, го имаа водството во најголемиот дел од средбата. Серијата 14-4 кон средината на втората четвртина се покажа клучна за триумфот на скопските сино-бели. Потврда за деветтата победа во 12. меч сезонава во АБА2 дојде со водството со 83-65, кое беше гаранција дека бодовите се освоени а првото место на табелата се уште е реалност.
Одличниот шут за три поени (11/22) и доминацијата во скокот (33-23) беа клучните елементи кои донесоа предност за МЗТ Скопје, а со тоа и победа во пресметката со одличниот сезонава Широки. Дамјан Стојановски со 17 поени беше најефикасен кај македонскиот шампион, додека Немања Милошевиќ оствари дабл-дабл со 14 поени и 12 скока. Поранешниот „металец“, Иве Иванов со 12 поени беше меѓу најпрецизните во босанскиот тим.
Аеродромци остануваат осамени на второто место на табелата во АБА2 со скор 9-2, зад лидерот Борац Бања Лука кој има 9-1 и утрешен меч против Сутјеска. Токму бањалучани се следниот ривал на МЗТ Скопје, меч закажан за в четврток, исто така во салата „Пецара“ во Широки Брег.