Има една неверојатна статистика, од која може да се види дека од осум најпосетени натпревари во историјата на Евролигата – сите осум се на Паризан.
Навивачите на белградски Партизан и на последниот натпревар во убедливиот триумф над Олимпијакос ја исполнија Арената во Белград. Фановите на Партизан направија фантастична атмосфера, а четата на Жељко Обрадовиќ е на чекор до пласман во четвртфиналето во најсилната европска кошаркарска лига.
“За други се навива, Партизан се сака” e паролата на многубројните навивачи на црнобелите. Преку 20.000 гледачи имаше на трибините, а убедлив рекорд засега е дуелот од 2009 година кога Партизан – Панатинаикос, чиј тренер тогаш беше Обрадовиќ го гледаа 22.567 гледачи.
Зад овој меч кој е рекорден во Евролигата е дуелот од сезоната 2013/14 на Партизан со Реал Мадрид (21.347), па следи мечот со Макаби (21.367) во сезоната 2009/10, потоа пресметката со ЦСКА Москва (21.359) во сезоната 2008/09, повторно со Макаби (20.783) во сезоната 2009/10 и три од актуелната сезона, со Олимпијакос (20.003), Фенербахче (19.661) и Макаби (19.011).