Шампионот Голден стејт со 96-99 загуби на домашен терен од Минесота, а ја имаше контролата врз ситуацијата за да дојдат до триумф, но Дрејмонд Грин направи катастрофална грешка и стана трагичар на овој натпревар.
Голден стејт имаше водство од 96-95 и напад, имаше уште 17 секунди за игра кога Грин со едно несмасно додавање буквално ја подари топката на кошаркарите на Минесота. Таунс реализираше за тројка и го сврте резултатот. До крајот гостите дадоа уште едно слободно фрлање и конечниот резултат беше 96-99.
Пул од Голден стејт со 27 поени беше најефикасен на натпреварот, Стеф Кари постигна 20, кај Минесота Реид реализира 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Далас 110-104, ЛА Лејкерс – Чикаго 108-118, Атланта – Мемфис 119-123, Бостон – Сан Антонио 137-93, Кливленд – Хјустон 108-91, Орландо – Бруклин 119-106, Торонто – Вашингтон 114-104, Портланд – Оклахома 112-118, Голден стејт – Минесота 96-99.