Црногорскиот репрезентативец, Никола Вучевиќ, беше исклучен во синоќешниот дуел на Чикаго булс против ЛА Лејкерс (118-108) и тоа откако прво силно по глава го удри Леброн Џејмс, за потоа со пцовки на српски јазик рафално распали кон судиите.

На негова несреќа, арбитрите  разбраа што им зборува, односно што ги пцуе, па предвреме му го покажаа патот кон соблекувалната. Вучевиќ сметаше дека не направил ништо лошо, иако неспортски се однесуваше и кон противникот и кон судиите, па не можеше лесно да се помири со одлуката за исклучување.

 

Тоа беше пресметка на две екипи кои грчевите се борат за место во плејин-турнирот, со оглед што „биковите“ и „езерџиите“во моментов се на десеттите позиции на Истокот односно на Западот.