Кошаркарите на Црна Гора останаа разочарани поради судењето против Германија во осминафиналето на Европското првенство.

Црна Гора загуби од домаќините во драматичен финиш, а сценариото можеби ќе беше поинакво доколку на Кендрик Пери не му беше досудена неспортска лична грешка на 20 секунди до крајот.

„Влеговме во натпреварот онака како што не требаше во осминафиналето. Успеавме да вратиме од 23-24 поени, што е неверојатно против домаќинот Германија. За едните гледаат некои фаули, за другите не, во текот на целиот турнир судењето е катастрофално. Ни се случи и против Турција, истото и денеска. Против Грузија сакаа, но не успеаја. И нашето прво полувреме имаше големо влијание врз конечниот исход“, изјави Радончиќ.

„Мислам дека сето ова не ги интересира. Најдобрите судии треба да им судат на најдобрите играчи. Жал ми е бидејќи цело лето вложивме многу труд за тие да си судат како сакаат и да си заминат, а ние со денови ќе размислуваме за ова“, изјави Дино.

Дино имаше гребнатинка на левата рака и на прашањето дали е тоа од удар при фаул, тој рече: „Веројатно не“.

На зборовите на Радончиќ се надоврза и Владимир Михаиловиќ.

„Од самиот почеток на турнирот се случуваат вакви необјасниви работи, се трудам цела кариера да не коментирам за судиите, но ова првенство е полошо од било кога поради тоа. Дојдовме во ситуација да се заканиме и да победиме, имаше фаул над Дубљевиќ на три поени, а мене при влез ме турнаа во грб… Тоа се работи што не ги гледаме, тие беа почестени со голем број слободни фрлања и тоа директно ја реши играта“.

Немања Радовиќ ги сумираше впечатоците по натпреварот.

„Почнавме навистина лошо, мислам дека не започнавме ниту еден натпревар на турнирот толку лошо како денес. Но некако успеавме да се вратиме, да влеземе во зона, тоа малку ги изненади, нивниот напад запре, нивниот проток на топката застана, но не беше доволно.Тоа е домашна екипа, играат дома, публиката беше со нив, не беше лесно. Мислам дека одигравме врвен турнир, горд сум на момцит. Дадовме се што можевме“.

https://twitter.com/petartadiccc/status/1568671865756946432?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1568671865756946432%7Ctwgr%5Ee8bbb83dea32d8eb4eeb0187827c7a3a8432e5c1%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Feurobasket2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2211502
Црна Гора одговори во вториот дел.

„Не можевме да си дозволиме така да го одиграме последниот меч по толку добри игри. Не сме ние, не е наш стил, реагиравме машки и сме презадоволни“.

За судењето:

„Повторно неколку дискутабилни судиски одлуки, кои го следат целиот турнир, но што да се прави, што е тука е. Не можеме да го контролираме тоа.

Се обрати и Марко Симоновиќ, кој беше најблаг во судиското оценување.

„Лошо прво полувреме за нас, сосема поинаква ситуација во второто. Се вративме во игра преку зоната што ја игравме речиси цело време. На крајот, намерен фаул и нивните неколку фаули кои не беа досудени , н добро и можеме да бидеме задоволни“, изјави Симоновиќ.

„Не е наше да коментираме, особено во второто полувреме“, додаде тој.