Германските кошаркари ја победија Црна Гора со 85:79 во осминафиналето на Европското првенство.
Германците успеаја да се пласираат во четврт-финалето на Евробаскетот и таму ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Грција и Чешка, кој е закажан за в недела.
Победничкиот тим го предводеше Денис Шредер со 22 поени и 8 асистенции, додека на другата страна Пери имаше 25, а Дубљевиќ 22 поени.
Германците многу подобро го отворија натпреварот и во почетните минути направија серија од 11:2, по што следеше одговорот на Кендрик Пери и тој ги постигна првите пет поени на Црногорците.
По ова го успори темпото и четвртината заврши со резултат 19:10 во корист на Германија, а потоа во втората четвртина играта на Црна Гора пропадна и „домашните“ одиграа фуриозно.
Мерцедес бенц арената во Берлин беше исполнета , а Германците беа „посилни“ за Дирк Новицки, кој не ја пропушти можноста да ја бодри селекцијата за која со години настапуваше со голем успех.
Втората четвртина беше одлична за Германците, постигнаа дури 29 поени и на „големиот одмор“ заминаа со огромни 48:24, а Шредер веќе имаше 7 асистенции.
Во третиот период ја видовме најдобрата верзија на Црна Гора и серија од 16:3 кога дојдоа до 40:53, но следеше тајмаут на Горди Херберт и Германија повторно го зголеми водството.
Сепак, Црногорците не се предадоа и покрај негативата од 50:67. Четвртата четвртина беше уште полуда и подраматична, бидејќи ја отворија со серија 14:2 и се доближија на 64:67 благодарение на одличните Кендрик Пери и Бојан Дубљевиќ,за драма!
Уште еднаш Германија се одлепи, повторно Шредер наоѓаше начин да дојде до кошот, а одлични беа и Тиман, Ло и останатите, но борбениот тим на Црногорците повторно се врати и преку тројката на Пери и 2+1 на Дуљевиќ стигна до 77: 80.
Потоа следуваше неспортска грешка на Кендрик Пери и пет лесни поени за Германија, со кои обезбедија пласман во четвртфиналето.
Како што беше речено, најефикасен беше Шредер со 22 поени, Ло и Вагнер постигнаа по 14, а Обст, Тајс и Тиеман постигнаа по 9 поени, додека Ник Вајлер Баб не настапи.
Во редовите на Црна Гора 25 поени Кендрик Пери, 22 Бојан Дубљевиќ, 13 Марко Симоновиќ и 12 Владимир Михаиловиќ.
Избраниците на Бошко Радовиќ немаат од што да се срамат, пружија повеќе од силен отпор на Германија и речиси направија еден од најголемите пресврти…