Полските одбојкари се првите финалисти на Светското првенство во Катовице, Полска.
Избраниците на Никола Грбиќ во полуфиналето го победија Бразил со 3:2 (23:25, 25:18, 25:20, 21:25, 15:12).
Полјаците на тој начин го обезбедија среброто и ќе имаат можност да стигнат до третата светска шампионска титула во низа. На овој начин би им се приклучиле на Италија (1990, 1994, 1998) и Бразил (2002, 2006, 2010), кои се единствените две репрезентации на кои тоа им успеало досега.
Сигурно, кој и да победеше на овој меч, ќе ја има улогата на фаворит во финалето против подобриот од дуелот меѓу Италија и Словенија, а оправдувањето за тоа тврдење го наоѓаме во спектакуларниот меч што го пружија двете селекции.
Повторно Полјаците беа тие кои мораа да ја стигнат предноста на противникот, исто како во четвртфиналето против САД кога исто така победија во пет сета.
До победата ги предводеше Бартош Курек со 24 поени, еден помалку имаше Камил Семенјук, а Александар Шливка заврши со 19.
Кај Бразилците се истакна Лукарели со 18 поени, кој се повреди во текот на четвртиот сет и можеби тоа е одлучувачкиот момент на овој меч. Покрај него, двоцифрени постигнаа Јоанди Леал со 13, Валас Де Соуза со 12 и Лукас Саткамп и Флавио Ресенде со по 10.
Светско првенство, полуфинале
Бразил – Полска 2:3 (25:23, 18:25, 20:25, 25:21, 12:15)
21.00 часот Италија – Словенија