Синоќа се одржа UFC Fight Night 199, а главен настан беше борбата помеѓу Дерик Луис и Крис Даукас. Црниот ѕвер се врати во УФЦ и ја прекина серијата од пет победи на Даукас.
Луис го реши прашањето на победникот со страшен нокаут уште во првата рунда. Рундата изгледаше мирно, како борците да ја тестираат силата на противникот, а потоа Луис зададе десно кроше, го затресе противникот и го закова на жицата.
Даукас накратко се опорави, а потоа доби уште еден директ и го закова на подот. Тоа беше и највозбудливиот натпревар на вечерта. Луис се врати со оваа победа по поразот од Сирил Гане во последната борба.