Фотографии од соблекувалната на финската хокеарска репрезентација ја обиколија целата планета.

За прв пат во историјата, хокеарската репрезентација на Финска стана олимписки шампион, бидејќи во финалето ја совлада моќната Русија со 2:1.

Финците направија неверојатен подвиг, успеаја да го соборат најголемиот фаворит за злато, бранителот на шампионскиот трон – и тоа по пресврто.

Историскиот успех очекувано го прославија во својата соблекувална по натпреварот. Имаше алкохол, пееја, скокаа од радост и се соблекоа голи!

Фотографиите од прославата ја обиколија целата планета.