По поразот во минатото коло од Бенфика, прв по долго време во португалскиот шампионат, Порто им се врати на победите. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски славеше со 47-26 на гостувањето кај Чико Андебол.Митревски беше одличен запиша десет одбрани и притоа се запиша во листата на стрелци, постигна два гола.Порто по 17. одиграни кола има 16 победи и еден пораз, се наоѓа на второто место на табелата во португалскиот шампионат, зад Спортинг.