Овие две селекции доминираат во последната деценија на светска сцена и имаат по две титули по ред почнувајќи од 2013 година. Французите ( вкупно имаат шест злата) славеа во 2015 и 2017, додека Данците во 2019 и 2021 година. Ова ќе биде идеална прилика за историски хет-трик на Данска или прекин на серијата и враќање на тронот на Франција.
„Галските петли“ апсолутно заслужено дојдоа до триумф, иако против себе ја имаа и домашната публика од 20.000 навивачи, која до последното место ја исполни „Теле 2“ арената во Стокхолм. Изедначено беше само во првите неколку минути, по што Французите се одлепија на плус три и до крај го задржаа водството. Швеѓаните најмногу што направија е минус два кон средината на второто полувреме (22-24), но немаа сили за целосен пресврт. Фабрегас со шест погодоци беше најпрецизен во победничкиот тим, додека Мае и Мем реализираа по пет голови, додека Јохансон со пет голови беше најефикасен кај Шведска. Жерар имаше 13 одбрани и е еден од најзаслужните за големата победа на галските петли.
Големото финале се игра в недела од 20.30 часот, додека претходно Египет и Унгарија (13 часот) ќе се сретнат во борба за седмото место, Германија и Норвешка (15.30) за петтата позиција додека Шведска и Шпанија (18 часот) во малото финале.