Унгарецот Доминик Шобошлаи беше херој во тимот на „црвените бикови“ , беше стрелец на двата погодоци, еден во 25. минута, а вториот по пет минути од второто полувреме. Фухрих во 68. минута од пенал донесе надеж за гостите, но немаа сили да дојдат барем до бод. Головите од оваа средба погледнете ги ТУКА.
Лајпциг со овие три бода дојде до втората позиција на табелата во германската Бундес лига со 35 бодови, еден помалку од Баерн Минехн, кој треба да го одигра мечот против Ајнтрахт Франфурт на домашен терен.