„Граѓаните“ сега имаат дури шест победи по ред против Арсенал, во последните две и пол години во сите натпреварувања. Јунак на вечерта беше Нејтан Аке, кој го постигна голот за победа во 64. минута на асистенција на Џек Грилиш (голот ТУКА). Тоа беше натпревар со шанси на двете страни, гостите ги имаа во првото полувреме додека во второто ниту еднаш посериозно не се заканија по голот на Сити.
Двата тима одиграа со делумно комбинирани состави, но четата на Пеп Гвардиола повеќе ја сакаше победата, како делумна сатисфакција за големиот минус во однос на Арсенал во Премиер лигата, кој во моментов изнесува пет бодови со натпревар повеќе.