Добар настап на Горан Пандев во дресот на Парма попладнево во меч во Серија Б. Неговиот тим успеа да победи на гостувањето кај Козенца со 1:3, а интересно е тоа што првиот гол за гостите беше и дело на Македонецот кој се најде во улога на асистент. Тоа се случи во 9.минута за водство на Парма со 0:1. Подоцна Парма постигна уште еден гол за 0:2 во 47.минута. Пандев беше стартер на овој меч, беше во игра се до 68.минута. По неговото излегување домашните намалија на 1:2, но сепак Парма во 88.минута преку Бернабе, стрелецот исто на првиот гол, стави печат на победата на млекарите.