Европскиот и светски клупски шампион Челси беше понижен на „Стемфорд бриџ“ од Брентфорд со 1-4 во рамки на 31. коло од англиската Премиерлига.
По првото полувреме во кое немаше голови, Челси поведе преку фантастичен гол на Антонио Рудигер, кој погоди од 35 метри, но само минута ипол подоцна Брентфорд израмни на 1-1.
„Сините“ тргнаа да ја вратат предностa, меѓутоа само четири минути подоцна доживеаа нов шок од Ериксен (1-2). А до крајот на мечот Брентфорд уште двапати ја затресе мрежата на домаќинот за победа од 4-1.
Манчестер сити го совлада Барнли со 2-0 со головите на Де Брајне и Гундоган, па така се врати на лидерската позиција во англискиот шампионат.
Останати резултати:
Брајтон – Норич 0-0
Лидс – Саутемптон 1-1
Вулверхемптон – Астон вила 2-1