Англискиот фудбалски клуб Евертон се пожали во Премиер лигата поради судиските одлуки на последните натпревари.
Како што објави Скај, Евертон е разочаран поради некои судиски одлуки во последните натпревари, а клубот бара, во најмала рака, извинување до тренерот Френк Лампард и играчите.
Клубот од Ливерпул реши да поднесе жалба поради контроверзната одлука на судијата Пол Тиерни да не досуди пенал за Евертон против Манчестер Сити на натпреварот во саботата по играњето со рака на Родри. Сити победи со 1-0.
https://www.youtube.com/watch?v=oVB3mnJIqjs
Судијата во ВАР просторијата, Крис Кавано, го прегледа видеото и реши да ја поддржи одлуката на главниот судија. Тренерот на Евертон, Ешли Кол доби жолт картон поради приговор, а Лампард по натпреварот беше лут поради судиската одлука.
„Изгубивме бод поради професионалец кој не знае да си ја заврши работата како што треба. Почнете да барате причини зошто не досуди пенал, а јас не можам да се сетам на ниту една. На сите ќе им биде јасно дека ова беше чист пенал. Неспособност во најдобар случај, во најлош случај – „кој знае? Ќе ја чекам изјавата или извинувањето што ќе го издадат кога ќе погрешат, но тоа нема да ни значи ништо“, изјави тогаш Лампард.
По 27 кола, Евертон е 17-ти на табелата со 22 бода од 24 натпревари и е на еден бод од зоната за испаѓање.