На фудбалски натпревар во Софија се случи една ретко видена ситуација во која во главна улога беа македонски фудбалери.

Нашиот младински репрезентативец, 19-годишниот Никола Величковски, кој игра за клубот Септември каде пристигна од Македонија Ѓорче Петров, доби шанса да влезе во игра на дуелот со Черно Море, а само 25 секунди по влегувањето во игра на снежниот лизгав терен направи фаул над својот сонародник Влатко Дробаров.

Судијата прво му покажа жолт картон на Величковски, но по реакција од ВАР собата, одлуката беше преиначена и Македонецот беше исклучен, па екипата на Септември мораше средбата да ја доигра со човек помалку.

Инаку Черно Море се наоѓа на 3. место на табелата, додека Септември Софија ја зазема 12 позиција.

Ситуацијата може да ја погледнете и ТУКА.