Шпанската подморница Вилјареал е најпријатното изненадување во Лигата на шампиони (ЛШ), откако синоќа го елиминираше германскиот шампион Баерн Минхен и обезбеди место во полуфинале, а херој на вечерта беше Самуел Чуквуезе.
Чуквуезе постигна гол во 88. минута и ги шокираше баварците, а по натпреварот во соблекувалната реши да прослави на урнебесен начин.