Барселона продолжува со сигурни игри и победи и чекори кон титулата во Шпанија, откако со убедлив триумф на гостувањето кај Елче (4-0) обезбеди и плус 15 бодови пред Реал Мадрид. Кралевите мора да го совладаат Валјадолид на домашен терен, ако сакаат барем теоретски да останат во игра за шампионскиот трофеј.

Роберт Левандовски прв ја затресе мрежата на домаќинот во 20. минута и тоа беше единствен погодок во првото полувреме.  Каталонците играа се подобро, што им донесе уште три голови во продолжението. Ансу Фати погоди во 56. минута, десет минути подоцна Левандовски вторпат реализираше, додека конечниот резултат го постави Феран Торес во 70. минута.

 

Барса сега има 76 бодови, додека Елче со само 13 бода веќе може да ги пакува куферите за Секунда.