Англискиот гигант Челзи доживеа уште еден изненадувачки пораз сезонава на домашен терен, откако загуби во дуелот со Астон Вила (2-0).
Гостите од Бирмингем со два прекрасни гола ја освоија тврдината „Стемфорд бриџ“, а стрелци беа Оле Воткинс во 18. минута и капитенот Мекгин во 56. минута. Лондончани доминираа во поле во текот на целиот натпревар, но ниту еднаш не успеаја поконкретно да го загрозат противничкиот гол.
Астон Вила со овие три бода се искачи на деветтата позиција со 41 бод, додека Челси останува 11. пласиран со 38 бодови, како потврда на ужасната сезона што ја имаат.