Фудбалските ѕвезди, особено оние кои настапуваа за репрезентациите, сега уживаат во заслужениот одмор по долгата сезона. Дел од играчите одат на егзотични дестинации и преубави плажи, но има и такви кои се решаваат за поинакви авантури.
Откако пред неколку дена се појави видео како Садио Мане игра фудбал со стари пријатели во родното место, на слично нешто се одлучи и холандско репрезентативно дуо. Мемфис Депај и Квинси Промес се во посета на Гана, а се појави видео на кое се гледа како уживаат и се забавуваат на земјен терен.
https://twitter.com/_owurakuampofo/status/1538243636248322050?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1538243636248322050%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fdepaj-i-promes-zaigraa-fudbal-i-odushevija-na-zemjen-teren-vo-gana