Фудбалерот на Барселона, Пјер – Емерик Обамејанг, е претепан и ограбен минатата ноќ во вилата во Кастељдефелс. Непознати крадци влегле насилно во неговиот дом, тој се обидел да ги спречи, но бил брутално претепан, откриваат шпанските медиуми.
Крадците собрале накит и вредни предмети, како и поголема сума на пари од сефот. Потоа брзо побегнале во непознат правец со автомобил.
Сопругата на Обамејанг го пријавила случајот во полиција и се очекува брзо да биде расветлен.
Обамејанг е во преговори со Челси за враќање во Премиер – лигата.