Баерн Минхен повторно се наоѓа во резултатска криза, откако вечерва ремизираше 1-1 против Ајнтрахт Франкфурт на “Алијанц Арена” . Тоа е трето реми во низа за баварците во Бундеслигата.

Баерн беше подобар противник на теренот и постигна гол за водство преку Лирој Сане во 34. минута, но Франкфурт во вториот дел преку Коло Муани во 69 мин. обезбеди реми (1-1). Баерн не успеа да возврати и да стигне до победа.

Екипата на Нагелсман останува на првата позиција со 37 бодови, по што следи Унион Берлин со 36, Лајпциг со 35 и Фрајбурт со 34 во топ-4.

. Неверојатно интересен ќе биде вториот дел од сезоната во германскиот шампионат.